Кина се согласи да го репрограмира долгот на Куба и да обезбеди нови трговски и инвестициски заеми за островската држава погодена од санкциите ,а состанокот во Пекинг меѓу лидерите на двете комунистички партии, пренесува Ројтерс.
Кинеската трговија и инвестициите во Куба се забавија во последниве години, влошени со построгите американски санкции, пандемијата и внатрешната економска неефикасност.
Аналитичарите го проценуваат долгот во милијарди долари, иако нема официјални податоци. Куба неодамна го пријави својот надворешен долг во 2019 година на 19,6 милијарди долари.
Кина е најважниот трговски партнер на Куба по Венецуела, иако трговијата се падна од над 2 милијарди долари во 2017 до 1,3 милијарди долари минатата година, според кубанската влада.
Министерот за економија Алехандро Гил рече дека Кина брзо се согласи да ги заврши проектите за изградба на пристаниште, ветерен парк и капацитети за соларната енергија..
Претседателот Диас-Канел изјави за официјалните медиуми по разговорите во Пекинг дека долгот е на врвот на неговата агенда со претседателот Кси Џинпинг, кој сочувствува со тешкотиите низ кои минува Куба.
Кубанскиот претседател рече дека неговиот кинески колега укажал дека „неопходно е да се најде решение за сите проблеми со Куба, без оглед на долгот, и дека овој проблем не може да го ограничи развојот“.







