Кина ѝ се додворува на Централна Азија зад грбот на Москва

Кина продолжува да ја шири својата сфера на влијание во Централна Азија, земајќи ги поранешните советски републики под својот воен и економски чадор.



Во петокот, кинескиот претседател Си Џинпинг се состана со лидерите на Казахстан, Таџикистан, Киргистан, Туркменистан и Узбекистан и ги покани да ја прошират соработката, вклучително и на полето на одбраната, објави Фајненшнел тајмс.

Првиот самит на групата, наречен Ц5, се одржа во Ксиан, древната кинеска престолнина каде што во минатото започна познатиот „Пат на свилата“.

По разговорите, Кси рече дека Кина е подготвена да ги „зајакне одбранбените капацитети“ на централноазиските републики, зголемувајќи ги нивните безбедносни капацитети за „гаранција за мир во регионот“, објави државната новинска агенција Ксинхуа.

Тој, исто така, најави дека планира да обезбеди 3,6 милијарди долари финансиска поддршка и „бесплатна помош“, без да прецизира каде ќе се користат парите.