Лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун ја премина границата и влезе во Русија со воз, ден пред официјалната средба со рускиот претседател Владимир Путин која треба да се одржи во рускиот град Владивосток. 



Посетата на Ким на северниот сосед на Северна Кореја доаѓа по време кога нуклеарните преговори меѓу Пјонгјанг и Вашингтон западнаа во ќор-сокак,јавува Си-ен-ен.

Трамп и Ким состанокот во Ханој го завршија без договор, при што двете страни се чини дека се далеку од  договор  за денуклеаризацијата.

Портпаролот на Стејт департментот изјави дека САД се свесни за посетата на  Ким во Русија.

„Соединетите Американски Држави и меѓународната заедница се посветени на истата цел – конечна, целосно потврдена денуклеаризација на Северна Кореја“.

Дипломатите од Пјонгјанг шпекулираат за прекин на разговорите со САД и побараа Трамп да го замени американскиот државен секретар Мајк Помпео со некој  „кој е повнимателен и зрел во комуникацијата со на“.