Севернокорејскиот лидер имал средба со воените лидери и прертставил нов план за подигање на нуклеарните капацитети на земјата, јави државната агенција КЦНА.
Средбата на Комитетот за воени работи на владејачката Работничка партија е прво појавување во јавноста на Ким Јонг-ун, откако тој присуствуваше на свечено отворање на фабриката за ѓубрива на 2 мај, по неколку недели шпекулации во светските медиуми за неговото здравје.
Денешната фотографија, испратена до агенцијата од владата, покажува како Ким зборува на состанокот.
Си-ен-ен наведува дека фотографијата не е датирана и дека не може да се потврди нејзината автентичност.
КЦНА известува дцека на состанокот Ким потпишал 7 наредби.





