Ким Јонг Ун се појави на отворање фабрика, објави севернокорејска агенција

Државната севернокорејска новинска агенција КЦНА извести дека лидерот Ким Јонг Ун пресекол лента на отворањето фабрика за вештачко ѓубриво близу главниот град Пјонгјанг во својот прв јавен настап 20 дена по последниот.



Во веста се додава дека се слушнале громогласен аплауз и извици на одушевување кога се појавил тој.

Овие информации не можат да бидат потврдени со сигурност, напомнуваат Ројтерс, Би-Би-Си итн.

Светските медиуми шпекулираа за здравјето на предводникот на нуклеарната сила, тврдејќи дека тој се наоѓа во животна опасност по неуспешна операција.