Ким Јонг Ун се бори за живот!?


Кина испратила медицински тим во Северна Кореја за да помогне околу здравјето на лидерот Ким Јонг Ун кој е во сериозна состојба, јавуваат светските медиуми.



Дејли Мејл пишува за тешката состојба во која се наоѓа Ким Јонг Ун, повикувајќи се на три извори блиски до државниот врв на таа земја

Јапонските медиуми објавија дека Ким Јонг Ун е во „вегетативна состојба“ по операција на срцето, која била извршена на почетокот на овој месец.

Според некои извештаи во медиумите, Ким добил напад, се фатил за градите и се срушил на земја.

Тој бил пренесен во болница за реанимација и набргу потоа бил подложен на операција на срцето.