Ким Јонг-ун ликвидирал пет свои соработници

Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг-ун го егзекутирал поранешниот пратеник задолжен за нуклеарни прашања со САД, Ким Хиок Чол,по неуспечниот самит со Доналд Трамп во март.  



Јужнокорејскиот весник „Чосун Илбо“.дознава дека Ким Хиок Чол, кој го организирал состанокoт на двајцата претседатели во Ханој и го придружувал Ким во неговиот приватен воз, бил „егзекутиран од стрелачки вод“  поради “предавство на врховниот лидер“.

„Ким Хиок Чол беше погубен во март на аеродромот во Мирим заедно со четворица високи претставници на Министерството за надворешни работи, по истрагата“, цитира весникот неидентификуван извор.

На самитот што се одржа во февруари во Виетнам, Трамп и Ким не успеаја да постигнат договор за целосна денуклеаризација на Северна Кореја како и за барањето на Пјонгјанг за ублажување на санкциите.

Светските медиуми и агенции ја пренесоа веста за егзекуцијата, но немаат потврда за овие наводи.

И порано имало извештаи за погубувања на блиски соработници и роднии на Ким Јонг-ун, кои подоцна се покажале како неточни.