Ким Јонг Ун е во кома! Пак?

Јужнокорејски дипломат изјавил дека севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун бил во кома и дека неговата сестра Ким Јо Јонг била подготвена да ја преземе уздите на наметнат народ.
Дипломатот Чанг Сонг-мин, ги споделил овие сензационални тврдења си јужнокорејските медиуми, пренесува Њујорк пост.



Чанг посочил дека Ким е во кома, „Но неговиот живот не завршил“.

Шпекулациите на Чанг доаѓаат само неколку дена откако јужнокорејската разузнувачка служба соопшти дека 36-годишниот лидер на Северна Кореја делегирал дел од својата надлежност на неговите блиски соработници, вклучувајќи ја и неговата помлада сестра, јави новинската агенција Јонхап.
Според националната разузнавачка служба на Јужна Кореја, „Ким Јо-Јонг, е прв заменик-директор на Централниот комитет на Работничката партија (…) иако нејзиниот брат Ким сè уште има „апсолутен авторитет“.

Сепак, проблематѕична е вистинитоста на тврдењата на дипломатот. Не е прв пат, кога Ким подолго не се појавува во јавност, да се шират шпекулации за неговото здравје.