Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун пристигна во Русија придружуван од неговите највисоки воени претставници и членови на партијата.
Најавената средба со претседателот Владимир Путин ја зголеми загриженоста за потенцијалниот договор за оружје за војната на Москва во Украина, објави Асошиетед прес.
Ким рано утринава пристигнал својот приватен воз заедно со делегација во која најверојатно се министер за надворешни работи и неговите двајца највисоки воени офицери, маршалите на Корејската народна армија.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека средбата меѓу Владимир Путин и Ким Џонг Ун ќе се одржи на далечниот исток на Русија, без да прецизира каде.
Првата средба меѓу двајцата лидери се одржа во 2019 година.
Политичките аналитичари велат дека Северна Кореја има десетици милиони артилериски гранати и проектили засновани на советски дизајни кои би можеле да ѝ дадат огромен поттик на руската војска во Украина.
Во замена, аналитичари велат дека Ким би можел да побара потребната енергетска и помош во храна, како и напредна технологија за оружје, вклучително и онаа неопходна за производство на интерконтинентални балистички ракети, подморници со балистички ракети способни да носат нуклеарни ракети и сателити за воено разузнавање.
Вчера САД повторно предупредија дека се подготвени да воведат нови санкции доколку Путин и Ким Џонг Ун се договорат за набавка на севернокорејска муницијa.
Кремљ по ова соопшти дека не го интересираат предупредувања од САД…







