Неколку помали инциденти предизвикаа попладнево долги колони на патот Гостивар – Кичево пред раскрсницата кон Маврово.
Метежот на патот продолжува и од оваа точка кон Стража каде и без инциденти на патот поради двата семафори на мостовите кои што се реконструираат се чека подолго од вообичаено.
Вообичаено петок попладне е период во кој поради викендашите кои патуваат кон Охрид оваа делница е побавна од другите денови.





