Километарска колона украински бегалци на границата кон Словачка

На граничниот премин кон Словачка пристигнуваат голем број бегалци од Украина а колоната е долга 6 километри, јавуваат медиуми.



„Тоа се главно жени и деца кои ја минуваат границата. На мажите не им е дозволено да ја преминат границата.

Украина мобилизираше мажи на возраст од 18 до 60 години и мора да ја бранат својата земја. Затоа сите овие мажи ги возат своите сопруги, своите деца и домашните миленици до граничниот премин. Ги возат до границите на Полска, Словачка, Молдавија, Унгарија и Романија. Сите тие навистина сакаат да стигнат до западноевропските земји, особено во Европската унија“, јавуваат медиуми.