Киев утрово пак ракетиран(ВИДЕО)

Русија лансираше масивен ракетен напад на Украина, меѓу кои и Киев.



Рохит Кахро, уредникот на британската телевизија ИТВ, објави видео по рускиот ракетен напад утринава врз Киев.

Во Киев погоден е објект кој обезбедува струја за 350.000 домаќинства во градот, објави Виталиј Кличко, градоначалникот на Киев, по рускиот ракетен напад утринава.

„Инженерите работат на обновување на снабдувањето со електрична енергија откако беше оштетена електрана која обезбедува електрична енергија за околу 350.000 домаќинства во Киев. Правиме се што е можно за да ја стабилизираме ситуацијата што е можно поскоро“, најави Кличко.