Портпаролот на украинскиот претседател Серхи Никифоров денеска изјави дека аспирациите на Украина за влез во НАТО и Европската унија се предвидени со нејзиниот Устав и остануваат апсолутен приоритет за земјата.
„Овој курс не само што се рефлектира во Уставот, туку постои целосна согласност меѓу владата и општеството“, изјави портпаролот за Ројтерс.
Запрашан да го коментира извештајот на Би-Би-Си, во кој, цитирајќи го амбасадорот Пристајко, се вели дека Украина е подготвена да биде „флексибилна“ во однос на нејзината цел да се приклучи на Атлантската воена алијанса, портпаролот рече:
Зборовите на украинскиот амбасадор во Велика Британија, Вадим Пристајко, дека Украина е наводно подготвена да размислува за откажување од членството во НАТО за да избегне војна со Русија, се извадени од контекст, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи на Украина, Олег Николенко.
Тој за агенцијата Интерфакс-Украина изјави дека Украина, заради мирот и зачувувањето на животите на своите граѓани, е подготвена за секаков формат на дијалог со земјите и меѓународните организации.
Николенко истакна дека Пристајко со право забележал во интервјуто дека перспективата за членство во НАТО е содржана во Уставот на Украина, но дека Украина се уште не е членка на НАТО или на која било друга алијанса, така што клучното прашање за неа е прашањето за безбедноста“.
Тој смета дека најдобра таква гаранција би била итен прием на Украина во Алијансата. „Но, заканите за Украина постојат овде и сега, така што наоѓањето одговор на прашањето за гаранциите е фундаментална и итна задача“, посочи Николенко.
Тој додаде дека не може да се донесе никаква одлука спротивна на Уставот на Украина.






