Претседателот на Украина Володимир Зеленски во видео обраќање изјави дека запирање на војната, враќање на територијалниот интегритет, безбедносни гаранцииги се приоритетите за кои земјата се залага во преговорите со Русија:
„Сакам сите наши граѓани, граѓаните на Украина, да ме слушнат сега. Преговорите продолжуваат. Преговорите за Украина. Моите приоритети за преговорите се апсолутно јасни: завршување на војната, гаранции за безбедност, суверенитет, враќање на територијалниот интегритет , реални гаранции за нашата земја, вистинска заштита за нашата земја“. – изјави украинскиот претседател.
Со оваа изјава Зеленски ги отфрли шпекулациите дека Киев е подготвен да го признае Крим како руски за да се прекине воената акција на Русија против Украина.







