Високиот советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека привремено примирје за Божик што го предлага Путин, ќе има само само кога Русија ќе ги напушти окупираните територии.
Путин нареди 36 часовен молк на оружјето за православниот Божик
На социјалните мрежи Подољак напиша:
„Прво, Украина не напаѓа странска територија и не убива цивили како што прави Русија. Украина уништува само членови на окупациската армија на нејзината територија. Второ, Русија мора да ги напушти окупираните територии – само тогаш ќе има „привремено примирје“. Држете го лицемерието за себе“, напиша Подољак на Твитер.
Подољак, кој беше еден од водечките преговарачи во раните разговори меѓу Русија и Украина на почетокот на војната, претходно го отфрли и повикот за Божиќно примирје од патријархот Кирил, поглаварот на Руската православна црква, нарекувајќи го „цинична замка и елемент на пропаганда“.
Украинскиот претседател Зеленски пак претходно во говор на безбедносен форум рече дека Русија бара можност да постигне „кратко примирје“ за да ги поврати силите.







