Критичната инфраструктура во регионот на главниот град на Украина беше цел на руските напади денеска, а Русите започнаа ракетни напади врз јужниот град Миколаев.
Ова доаѓа еден ден откако Генералното собрание на ОН со големо мнозинство ја одобри резолуцијата со која анексијата на украинската територија од Москва се оценува како „незаконска“, а сојузниците на Украина најавија поголема воена помош.
Регионалниот гувернер на Киев, Олексиј Кулеба, рече дека нападите биле извршени од беспилотни летала од Иран.
Кирило Тимошенко, заменик-шефот на претседателскиот кабинет на Украина, рече дека беспилотните летала погодиле критични инфраструктурни објекти.
Во Миколаев, гранатирањето во текот на ноќта уништи една станбена зграда додека борбите продолжија долж јужниот фронт на Украина.







