Киев ќе преговара за мир откако ќе ги врати окупираните територии

Директорот на ЦИА Вилијам Барнс неодамна бил во Украина и се сретнал со претседателот Володимир Зеленски и со украинските разузнавачки претставници, јави Си-Ен-Ен.



Неименуван американски претставник за за Си-Ен-Ен изјавил дека Барнс неодамна отпатува во Украина, како што тоа го прави редовно од почетокот на руската агресија пред повеќе од една година. Како и за време на другите патувања, директорот се сретна со неговите колеги од украинското разузнавање и претседателот Зеленски, потврдувајќи ја посветеноста на САД за споделување разузнавачки информации за да и помогне на Украина да се одбрани од руската агресија.

Барнс отпатувал во Киев пред бунтот на Евгениј Пригожин, што не било тема на разговор.

Вашингтон пост“ прв објави за најновото патување на Барнс во Украина.

Пост објави дека Барнс претходно во јуни се сретнал со украински официјални лица кои откриле стратегија за повторно преземање на територијата окупирана од Русија и отворање преговори за прекин на огнот со Москва до крајот на годината, според официјални лица запознаени со посетата.