Киев ќе падне за 72 часа – тврди американски генерал

Американскиот генерал Марк Мили им рекол на официјалните лица дека Киев може да падне во рок од 72 часа доколку се случи целосна руска инвазија на Украина, објави Нова.рс.



За време на брифингот зад затворени врати на 2 и 3 февруари, Мили рекол дека руската инвазија на Украина во целост може да резултира со смрт на 15.000 украински војници и 4.000 руски војници. Неколку американски законодавци изразија загриженост поради тоа.

Американските власти истакнуваат дека американската разузнавачка служба проценува дека Русија подготвува голема инвазија на Украина и дека веќе располага со 70 отсто од силите потребни за таква операција.

Москва веќе има собрано 110.000 војници на границата со Украина и би можела да има доволен капацитет да започне офанзива за две недели, според официјални лица кои ги информираа членовите на американскиот Конгрес и американските европски партнери во последните денови.