Kiev Independent: Лондон би бил бомбардиран прв во војна на Русија со НАТО за Калининград

Руски пратеник му се заканува на Лондон со бомбардирање, пренесува украинскиот весник Независен Киев.



Андреј Гуруљов, пратеник во рускиот парламент, најавува дека Лондон ќе биде првиот град што ќе биде бомбардиран од Русија доколку блокадата на Калининградската област, руска енклава, доведе до војна со НАТО.

„Прв што ќе биде погоден ќе биде Лондон. Кристално е јасно дека заканата за светот доаѓа од англосаксонците“, изјавил Гуруљов на руската национална телевизија. Тој исто така тврди дека Русија ќе ги уништи вселенските сателити на НАТО ако дојде до војна со алијансата поради блокадата на Калининград.

Русија се закани за реваншизам откако Литванија блокираше есенцијални стоки да минуваат од Русија кон регионот Калининград каде живеат Руси но кој е опкружен од ЕУ и НАТО членките Полска и Литванија а излегува на Балтичкото море.