На руска телевизија беше објавена снимка од двајца заробени британски борци кои се бореле на страната на Киев во Украина.
Шон Пинер и Ејден Аслин биле заробени во Украина, а на снимката објавена на руската телевизија го молат британскиот премиер Борис Џонсон да бидат разменети за заробениот украински политичар Виктор Медведчук, кој беше уапсен минатата недела.
Денес Украина објави и снимка на која, пак, Медведчук бара од Москва да го размени за борците во Мариупол.
Во видеото тој бара од Путин да организира размена со заробените војници и жителите на Мариупол. Тој им се обраќа на Путин и Зеленски.







