Киев уапсил командант кој за ВП се пожали дека украински војници живеат со еден компир дневно

Сергеј Лапко, украинскиот командант кој даде интервју за Вашингтон пост во кое изјави дека украинските војници „живеат со еден компир дневно“ е сменет од функцијата и уапсен, пренесуваат повеќе извори.



Во извештајот објавен од „Вашингтон пост“ Лапко наведува дека украинските војници на фронтот во Донбас живеат од „еден компир дневно“ додека се „удирани“ од руската артилерија.

,,Заглавени во своите ровови, украинските доброволци живееја од еден компир дневно додека руските сили ги гаѓаа со артилерија и ракети ,,Град” на клучната линија на источниот фронт. Побројни, необучени и само со лесно оружје, мажите се молеа да заврши баражот – и нивните сопствени тенкови да престанат да ги таргетираат Русите.

„Тие [Русите] веќе знаат каде сме, и кога украинскиот тенк пука од наша страна, ја дава нашата позиција“, рече Сергеј Лапко, командант на нивната компанија, потсетувајќи се на неодамнешната битка. „И тие почнуваат да пукаат со сè – ,,град”, минофрлачи“.

„И вие само молете се да преживеете“, се вели во изјавата на украинскиот командант кој сега е во притвор за изјавата дадена на Вашингтон пост.