Украинското Министерство за надворешни работи денеска го критикуваше хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, кој вчера изјави дека Крим, украинскиот полуостров што Русија го окупираше во 2014 година, никогаш нема да и се врати на Украина.
Милановиќ коментарот за Крим го даде кога се обиде да објасни зошто се противи на испраќање оружје во Украина. Потоа рече дека „Крим никогаш повеќе нема да биде украински“.
Олег Николенко, портпарол на Министерството за надворешни работи на Украина, рече дека изјавата на Милановиќ ја смета за „неприфатлива“.
„Сметаме дека е неприфатлива изјавата на претседателот на Хрватска, кој практично фрли сомнеж во територијалниот интегритет на Украина“, рече Николенко.







