Киев ги отфрли како „смешни“ обвинувањата дека стои зад нападот на Кримскиот мост

Висок украински функционер ја отфрли како „смешна“ истрагата на Русија за експлозијата што сериозно го оштети мостот на Крим, пренесува Ројтерс.



Претходно денеска руската Федерална служба за безбедност објави дека за нападот привела пет Руси и тројца државјани на Украина и Ерменија.

Целата активност на ФСБ и Истражниот комитет е смешна, изјави портпаролот на министерот за внатрешни работи Андриј Јусов на прашањето за обвинувањата на Москва за експлозијата.

Јусов ги опиша ФСБ и Истражниот комитет како „лажни структури кои му служат на режимот на Путин, така што дефинитивно нема да ги коментираме нивните следни изјави“.