Да се разговара за кандидатурата на Украина за членство во НАТО пред да победи во војната, изјави украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, цитиран од руската служба на Би-Би-Си.
Претходно вчера, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека предуслов за разгледување на кандидатурата на Украина за членство во алијансата е нејзината победа во војната со Русија и дека сите напори треба да се фокусираат првенствено на тоа.
Ако сака во НАТО, Украина не смее да ја изгуби војната, рече Столтенберг
„Ќе ја добиеме оваа војна со помош на сојузниците. Ќе станеме членка на НАТО, но тоа не значи дека ништо не треба да се случи од сега до кога ќе станеме дел од НАТО“, рече Кулеба на прес-конференција во Букурешт.
„Затоа зборувам за потребата да почнеме да разговараме како ќе се третира нашата апликација. Има одреден процес. И не треба да седиме и да не правиме ништо додека не победиме“, додаде украинскиот министер.
Нема да има траен мир во Европа ако Русија победи во војната, изјави пред неколку дена генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
Тој истакна дека безбедносниот интерес на Алијансата е да продолжи да ја поддржува Украина во нејзината борба против руската инвазија.
„Поддршката за Украина е најдобриот начин да се зголемат шансите за мирно решение“, категоричен беше Столтенберг.







