Претседателот на украинскиот парламент Руслан Стефанчук вчера изјави дека 18 членки на НАТО ја поддржуваат кандидатурата на Киев за приклучување кон Алијансата, пренесува Укринформ.
Зборувајќи пред шведските пратеници, Стефанчук истакна дека нема алтернатива за членството во НАТО, истакнувајќи дека „18 земји-членки на НАТО веќе ја поддржаа со своите изјави“ изразувајќи желба Украина да стане дел од организацијата.
Според него, Украина јасно му дава до знаење на целиот свет дека и е многу важно да биде членка на НАТО, бидејќи ќе обезбеди безбедносни гаранции.
Заменик-претседателот на рускиот совет за безбедност Дмитриј Медведев минатата недела коментираше дека пристапот на Украина во НАТО неизбежно ќе доведе до отворен конфликт меѓу Москва и Алијансата.
Медведев истакна дека украинскиот „националистички режим“ ќе истрае во напорите да ги врати изгубените територии, на што Москва „ќе мора да одговори остро со сите можни средства“.
Во меѓувреме, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ги охрабри сите членки да го поддржат членството на Украина.
„Ако сојузниците на НАТО почнат да издаваат билатерални безбедносни гаранции за Украина, ние сме многу блиску до членот 5“, рече Столтенберг на Демократскиот самит во Копенхаген во 2023 година.






