,,Киднапираниот” Кастриот наплати за спасот на владата: Синот со огромна плата во државна фирма (ФОТО)

Државната богата форма МНав или Македонска навигација каде е вработен Стојанче Ангелов а за која тендерот од 7 милиони евра го организираше Драги Рашковски добива уште еден контроверзен вработен.



Синот на пратеникот Кастриот Реџепи Ѓерѓ таму ќе заработува десетици илјади денари месечно.

Освен ако Ѓерѓ Кастриот не е квалитетен кадар со ова вработување пратеникот на БЕСА Кастриот кој околу нова година ја спаси владата наплати за својата поддршка на владата на СДСМ и ДУИ.

Реџепи тогаш тврдеше дека ја поддржува владата заради евроинтеграциите и изјави дека сопругата му пренесла од ТВ дека Макрон ќе даде датум за преговори со Макеоднија.

Реџепи тогаш не рече ништо за вработување на неговиот син во богатата владина фирма.