Денеска во просториите на Владата на Републикa Македонија премиерот Зоран Заев имаше средба и разговараше со пратеникот Кастриот Реџепи.
Премиерот Заев и пратеникот Реџепи уште еднаш ја потврдија заедничката заложба за одржување и зајакнување на реформскиот и европскиот курс на земјата, како определба на огромното мнозинство граѓани на нашата земја.
Заев и Реџепи низ разговорот потенцираа дека во последните години државата и народот направија големи чекори за обезбедување сигурна и безбедна иднина, при што изразија уверување дека народната волја за мирно и заедничко живеење вo Македонија и натаму ќе биде изразена преку стабилно демократско мнозинство во Парламентот.
Двајцата соговорници се согласни дека односите меѓу Македонците, Албанците и сите други етнички заедници во Македонија се братски, пријателски и другарски и дека сите политички чинители имаат и обврска и одговорност овие односи да ги негуваат и унапредуваат.
На средбата беа изнесени очекувања за конечно исполнување на ветувањата од страна на Европската Унија и за одржување на првата меѓувладина конференција со Македонија, со што би започнале преговорите за членство на нашата земја во ЕУ.
![Screenshot 2021-11-18 at 15-16-50 „Kиднапиpaниот“ пратеник заврши на состанок во Влада Се договара стабилно мнозинство во п[...]](https://arhiva.expres.mk/wp-content/uploads/2021/11/Screenshot-2021-11-18-at-15-16-50-„Kиднапиpaниот-пратеник-заврши-на-состанок-во-Влада-Се-договара-стабилно-мнозинство-во-п...-696x417.png)




