Зоран Милевски – Кичеец Адвокатот Александар Новаковски, кој го застапува Зоран Милески Кичеец во предметот „Рекет“, вели дека неговиот клиент ќе одлучи дали неговиот исказ пред Вилма Рускоска ќе го даде да го видат адвокатите на Боки 13 и Катица Јанева, пренесе Алсат М.
Тој објаснува дека насоките како ќе градат одбрана доаѓаат од неговиот клиент.
Адвокатите на Боки 13 и Катица Јанева остро реагираа на одлуката Обвинителството за организиран криминал да им овозможи увид во сите докази, освен во исказот на Зоран Кичеец, кој е второосомничен во случајот.





