Кичеец не се јавил во Шутка, барал одложување на затворската казна

Иако Зоран Милевски-Кичеец изјави дека сам ќе замине на издржување на тригодишната затворска казна во затворот во Шутка – тој не се појави.



Од Кривичен за ТВ 24 велат дека тој претходно сепак испратил барање до судија за извршување на санкции да му се одложи казната.

Нема детали врз основа на што трето-осудениот за „Рекет“ се повикува за да го помести издржувањето на казната од 3 години затвор.

Кичеец треба да „олежи“ помалку од една ипол година бидејќи остатокот веќе го отслужи во притворското одделение во Шутка.