„Операцијата на косовската полиција се одвива по наредба на Обвинителството низ цело Косово, не само на северот, а не насочена против Србите, туку против обвинети за корупција и криминал”, изјави портпаролот на КФОР, Винченцо Грасо, за Танјуг.
„Сега ја следиме ситуацијата, во контакт сме со властите во Приштина, но комуникациите исо Србија се отворени“, рече Грасо.
Според него, тоа е полициска акција каква што се случувала и во минатото, па КФОР „само ја следи ситуацијата“.
Тој, исто така, го коментираше ставот на српските официјални претставници дека КФОР треба да направи нешто во врска со прашањето за косовските специјални сили.
„Ова беше дискутирано и порано, не се мешаме во полициските акции, додека не биде побарано од нас да интервенираме“, рече Грасо.
Италијанскиот генерал Лоренцо Д’Адари, командантот на КФОР, ги повика сите страни во Косово мирно и одговорно да ги разрешуваат споровите без употреба на сила или насилство.
Пришттинсдки медиуми објавија видео снимка од ситуацијатѕа на теренот.





