Поранешниот заменик министер за надворешни работи Милен Керемедчиев вели дека претстојните избори во Бугарија се очигледно повод одредени партии да се обидат да го подигнат својот рејтинг и популарност, која беше изгубена во последните години, користејќи ја тензијата меѓу нашата земја и Македонија, пренесе Њуз.бг.



Во изјава за БНР тој вели:

„Дури и да се постигне тоа со судири и немири.
Партиите во нашата земја, кои се патриотски и ќе ги организираат Бугарите, одат со одредена цел.

Тоа е дополнително да ги нарушат односите меѓу Бугарија и Македонија“, коментира тој во врска со одбележувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев во Скопје на 4 февруари.

Тој вели дека станува збор за подготвени провокации од двете страни и посочи дека истото, според негово мислење го прави и ВМРО-ДПМНЕ „за да го подигне својот партиски рејтинг.

Тој ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека е проруска партија.

„Таа има блиски контакти со Русија, но и со Србија. Зад овие провокации стои желбата трајно да се нарушат нашите билатерални односи“!