Келнерите мора да влезат во вода до врат за да можат да ги достават нарачките во бар на плажа на островот Родос во Грција. Снимки од келнер во вода речиси до врат кој едвај ги држи послужавниците, вирално се прошири на социјалните мрежи.



На видеото на социјалната мрежа Инстаграм се гледа како келнер носи нарачка на гости, а во позадина се слуша смеа…

„Санта Марина, барот на плажа на Родос кој стана меѓународно познат по засрамувачките слики со келнерот-пливач кој служи на нелегални лежалки, со водата до врат, работи незаконски, додека запечатување на просторот неколку пати беше наредено од 2016 година.

„Катимерини“ открива како овој објект постојано добива „чудно“ отстранување на печатот и сè уште работи во крајбрежен и археолошки локалитет“, пишува извесна Арети Атанасиу на Фејсбук.