„с.Македонија го објави официјалниот резултат од пописот, продолжувајќи ја играта на измами со бројот на Албанците, но не покажа милост ниту за бројот на бугарското население. Само разликата во бројот на непопишаната дијаспора – околу 11% кога ќе се додаде на бројката од 29,5 отсто – покажува дека најмалку Албанците се околу 36,5 отсто, не сметајќи ги другите систематски манипулации на славомакедонската држава.“ – вели Арнита Зенели во својата статија со наслов „Славомакедонската власт манипулираше со пописот – стотици илјади Албанци беа исклучени од пописот“, која ја објави косовскиот весник на албански јазик Бота сот“. Во оваа статија се употребува навредлив назив „Славомакедонци“ за македонскиот народ.
Зенели пишува: „Според објавениот пописен резултат, Албанците со попишаните во дијаспората резултираат со 29,5% од вкупното население, додека 173 илјади се Албанци-нерезиденти. Значи, Албанците се 29,5% од вкупното население и само 24,3% од резидентното население, кое што живее во Македонија. Од вкупното население, кое изнесува 2,097,319 лица, опфаќајќи ги резидентите и нерезидентите, од нив 54.21 отсто се изјасниле како Славомакедонци, 29.52 проценти како Албанци и натаму следуваат другите етникуми.“
„Засега како незадоволна само Бугарија реагираше на малиот број на бугарско население, кое речиси и да не постои, додека самата Бугарија се смета дека во Македонија има 70-100 илјади жители, на кои им издала бугарски пасоши. Албанските политички партии малку реагираа, можеби со оглед на тоа што забележаа потесна разлика меѓу Албанците и Славомакедонците, но сепак висока, околу 25 отсто. Главно на Запад во дијаспората има 400 илјади Албанци. Над 200.000 од нив останаа надвор од пописот. Во врска со оние што се останати како непопишани од големата бројка на Албанци во дијаспората, но и оние Албанци кои живеат во Македонија, дали се крие, или се зголемува вештачки бројот на славомакедонското население, на сметка на Албанците и Бугарите? И така да се продолжи Албанците да бидат сметани едноставно како малцинско население?“
„Попис манипулиран од власта“
„Професорот Сулејман Мехази од Македонија вели дека реакциите на етничките Албанци, јасно покажуваат оти пописите се правени врз основа на желбите на македонските политичари од власта. Според Мехази, досегашното откажување на пописите двапати било намерно и сето тоа додека не се постигне ‘потребниот процент’ на Славомакедонците.“
„Мехази го нагласи и прашањето: како е можно во с.Македонија да нема бугарско малцинство? Тој се согласува со изјавата на Слави Трифонов од Бугарија дека ‘повеќе од 100.000 граѓани на с.Македонија ги потврдиле своите бугарски корени во Бугарија, но во с.Македонија се плашат да се нарекуваат ‘Бугари’. ‘Аргументите покажуваат дека и оние 54,21 отсто, како Македонци, е исполнет со други националности: Бугари, Торбеши-муслимани што говорат македонски јазик, со православни Албанци, со Роми што зборуваат македонски и со Бошњаци.’ – истакнува Сулејман Мехази.’
„Несразмерност на бројката на попишани“
„Правникот Мухамет Келменди нагласи дека пописот не се одвивал според правилата, бидејќи, според него, многу граѓани останале непопишани, оти државата не ги снабдила со документи. Според него, останува прашањето: кој го извршил пребројувањето на попишаните и дали пописот бил соодветен?“
„Според Келменди, ако се покаже несразмерност во бројката на попишани, тогаш пописот не треба да се прифати. ‘Пребројувањето на попишаните е прашање за кое органите треба да дејствуваат. Имаме албански општини, како Струга, Кичево, Гостивар, Тетово, Чаир, Липково и други, тн., имаме лидери-Албанци. Општините го знаат бројот на нивното население. Ако при пребројувањето се појави несразмерност на бројот објавен со пописот со реалниот број на населението во општините и во целата Република, тогаш пописот не треба да се прифати. Изгледа дека таа несразмерност е висока и затоа се бара повторно пребројување на пописните листови.’ – заклучува Мухамет Келменди“.





