„Министерството за здравство, со коешто во моментов раководи кадар на Алтернатива, како и Министерството за правда, со коешто раководи СДСМ, се минимумот, што треба да го „плати“ власта за да ја убеди опозициската Алијанса за Албанците да ѝ се приклучи на владината коалиција и со своите 8 пратеници да го зајакне парламентарното мнозинство, кое во моментов брои 64 пратеници.“ – се изнесува во анализата со наслов „Правичната застапеност во визба?“, која ја објави информативниот портал „Плусинфо“.
Покрај другото, во анализата пишува: Многу важен, па дури и историски момент, е тоа што премиерот Димитар Ковачевски одлучил да го „жртвува“ министерот Никола Тупанчески и неговиот министерски кабинет во Правда да му го препушти на можниот нов коалициски партнер Арбен Таравари. Со ваквиот потег конечно ќе се наруши етничката рамнотежа во Владата, па и покрај сите цврсти ветувања од премиерот дека „рамнотежата нема да ја гибаме“. За првпат во историјата на Македонија ќе се случи да има повеќе министри Албанци отколку Македонци: 11 ќе бидат Албанци, а 10 Македонци.
Ваквата состојба, според дел од политичките аналитичари, е крајно неприфатлива. Тие во разговор за Плусинфо велат дека на овој начин само се создава гнев кај македонскиот мнозински народ, а и дополнително се потврдува сомнежот дека во Македонија ни се случува доминација на едно малцинство над мнозинството.
Нарушена етничка рамнотежа
Политикологот Иво Рангеловиќ забележува дека „се купуваат етничко-политички поени преку манипулација со гол популизам меѓу албанскиот гласачки блок“, во ситуација кога „албанските партии ги проектираат своите програми исклучиво за целите на албанското население“. „Ваквиот тек на настаните ја загрозува перспективата на државата и го доведува во прашање суштинското постоење на државниот поредок.“ – нагласува Рангеловиќ.
Универзитетскиот професор Јове Кекеновски вели дека на Македонија ѝ се случува доминација на малцинството над мнозинството. „Воопшто не би ме чудело доколку власта утре почне преговори и со единствената опозициска албанска партија Беса со цел да ја ‘вдоми’“ во владиното мнозинство, а за возврат да ѝ понуди министерски места, кои сега им припаѓаат на македонски министри. Ова е недозволиво. Една држава не смее да си дозволи да ѝ се случува доминација на малцинството врз мнозинството. Во која земја во светот има вакво нешто?“ – истакнува Кекеновски.
„Албанизација на Македонија“
Политичкиот аналитичар Благојче Атанасоски смета дека прекршувањето на етничката рамнотежа во Владата предизвикува прикриена или отворена фрустрација кај македонското население, кое оваа ситуација ја доживува како „албанизација на Македонија“, а Владата како – албанска.
Home Македонија Кекеновски: Недозволива е доминацијата на албанското малцинство врз македонското мнозинство со влегувањето...





