Кекеновски најави дека ќе го врател Груевски за 90 дена

„Сакаме да им ветиме на граѓаните доколку сме дел од законодавната и извршната власт, во рок од 90 дена ќе го вратиме бегалецот, онака како што и замина така ќе биде и вратен, а украдените пари ќе им бидат поделени на граѓаните“, порача Јове Кекеновски, носител на листата на коалицијата „Никогаш северна, само Македонија“ во Втората изборна единица.



Тој го обвини, според него, несовесниот технички премиер и министерката за правда и нејзините партиски колеги кои му овозможија на Груевски да избега во Будимпешта, а таа не мрднува ниту со најмалиот прст да го врати и да одговара за другите злодела, порача Кекеновски од средба со граѓани на Ѓорче, пренесе МКД.МК.