Ке капитулира ли АРМ ако некој ја нападне Македонија додека Петровска е шеф на одбраната?

Ке се предаде ли АРМ ако некој ја нападне Македонија додека Петровска е шеф на одбраната?



Ова прашање е логично и многу актуелно откако психијатрискиот извештај за министерката за одбрана Славјанка Петровска кој го објави пратеникот Драган Ковачки откри карактеристики кои не прилегаат на прв човек на одбраната на Македонија.

Според извештајот кој веќе го има на социјалните мрежи Петровска покрај другите низа емотивни и психички состојби од психијатарката добила проценка дека поради сите психички проблеми почнала да се повлекува.

Во вештачењето за психичката состојба за министерката не се наведува дали Петровска се повлекува во себе, дали се повлекува пред ставови и позиции на приватни лица со кои комуницира или се повлекува пред други предизвици.

Ако вештачењето се однесува на општо повлекување на Петровска тогаш тоа е опасна ситуација и за АРМ и за Македонија.

Ако министерката е проценета од психијатар како човек што се повлекува дали таа ќе се повлече и во ситуација на странска агресија од некој сосед или од Русија на пример.

Вака напишаниот извештај на психијатарката укажува на можноста Петровска во случај на напад врз Македонија од било кој формат таа да даде наредба за повлекување или капитулација на армијата без борба.

Ова е само еден дел од психичките состојби на Петровска кои освен што лично и задаваат психички проблеми сериозно можат да влијаат на македонската подготвеност да се одбрани од било каква агресија.