Италијанскиот весник Corriere della Sera објавува анализа која навестува на создавање на нова европска групација на земји кои не се дел од ЕУ.
Според весникот искористувајќи ја украинската криза, Велика Британија создава своја сфера на влијание во Источна Европа, која е алтернатива на француско-германската зона на политичко и економско влијание.
Според информациите британскиот премиер Борис Џонсон му предложил на украинскиот претседател Зеленски да создаде сојуз против Русија, пишува италијанскиот весник „Кориере дела сера“.
Весникот анализира дека новата алијанса треба да стане алтернатива на Европската унија а покрај Обединетото кралство и Украина, во неа може да се вклучат и Полска, Естонија, Летонија, Литванија и Турција.
Вкупниот број на новата асоцијација има пазар од над 200 милиони луѓе
Киев сè уште не одговорил на предлогот на Лондон.
Според објавената мапа Македонија не е дел од групата земји.







