Одбележувањето на Денот на албанското знаме, на 28 ноември, започна во повеќе црногорски градови уште вчера.
Знамиња на Албанија беа истакнати на објекти во повеќе општини со албанско население.
Претседателот на општина Тузи, Ник Ѓелосај, преку својот фејсбук профил ги повика јавните институции во таа општина да го постават албанското знаме и предупреди дека, доколку не се уважи неговиот апел, можни се казни.
Знамиња на Албанија се истакнати во Улцињ, Гусиње како и на зградата на општина Тузи.






