Угостителски објект во Скопје и управителот да бидат казнети поради непочитување на мерките за заштита од коронавирусот предлага Обвинителството откако при контрола од службени лица, било констатирано дека во објектот не се почитувало пропишаното задолжително растојание помеѓу масите и дека четири лица кои седеле на иста маса не биле членови на семејство.
Обвинителството на Судот му предложи на управителот на правното лице да му изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби при што вредноста на една дневна глоба да се определи во висина од 20 евра во денарска противредност, додека пак за правното лице предложена е парична казна во износ од 100.000 денари, објави Макфакс.





