Казнети 399 граѓани за неносење маска

Во текот на изминатото деноноќие, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 399 прекршоци, соопшти Министерството за внатрешни работи.



Од таму апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.