Случајот со Иранец кој продавал лубеници од багажникот на неговиот „ Lamborghini Aventador“ и бил казнет за тоа стана супер хит на социјалните мрежи.



Настанот се случил во истанбулскиот кварт Бејоглу во средата – маж продавал лубеници од багажникот на автомобилот вреден пет милиони лири (670 000 американски долари), пишува весникот „Сабах“.

Откако фотографиите од уникатната „тезга за овошје“ станаа вирални на социјалните мрежи, се заинтересираа и новинарите но по нивно појавување „продавачот“ брзо замина од пред снимателите.

Додека локалното население се забавуваше, полицијата сепак си ја заврши работата.полицијата не беше.

Според извештаите, полициските службеници го казниле со 1,233 турски лири иранскиот државјанин, кој беше идентификуван со иницијали М.Х.Ф.

Властите соопштија дека Иранецот е казнет за „употреба на возило надвор од регистрираните цели“.

Казната предвидува и автомобилот 15 дена да не се појави на улица.