Казнет судијата кој 9 месеци во фиока чуваше предмет против Мијалков

Судијата Енвер Беџети од Апелациониот суд Скопје, за кого Судскиот совет утврди дека 9 месеци го чувал предметот „Тврдина-Таегет” за да застари е казнет со 20 отсто намалена плата во наредните 6 медеци.



Додека Беџети беше критикуван дека како судија известител без причина не го изнесувал на седница предметот за масовното незаконско прислушување и се бараше негова одговорност, Судскиот совет ја чуваше неговата постапка во фиока, зашто беше кандидат на огласот за врховен судија.

На 11 јануари Судскиот совет констатираше дека нема образложени причини зошто предметот за масовното незаконско прислушување познат како „Тврдина-Таргет“ судијата – известител Енвер Беџети од Апелациониот суд Скопје не го ставал 9 месеци на одлучување. Со тоа се создадени услови овој предмет од многу висок јавен интерес да застари и да се затвори.

Како и другите предмети на СЈО за организиран криминал и корупција, и овој предмет беше вратен назад на повторно судење.