Инспекторт од Агенцијата за храна и ветеринарство, за кого на социјалните мрежи беше објави видео како се изживува со јагне, ќе биде казнет, објави министерот за земјоделство, Љупчо Николовски.
Здружението за заштита на животни “Анима Мунди” објави видео снимка на Фејсбук на која тврди дека е снимен Инспектор за заштита на благосостојбата на животните во Берово. Тој е дел од поголема група луѓе снимена во куќа во која едно јагне, врзано за нозете се принесува живо на маса со повеќе луѓе кои ги забавува и жива музика.
„Згрозен од монструозниот чин на Инспекторот за благосостојба на животните во подрачната единица Берово, на Агенцијата за храна и ветеринарство, најавувам итно постапување, и преземање на сите дисциплински мерки од страна на АХВ.
Предизвикување стрес, малтретирање, и непотребно страдање на невини животни е за секаква осуда“, напиша Николовски на својот профил.







