Исландската панк-рок група „Хатари” вчера истакнаа палестѕински шалови-знамиња додека се објавуваа гласовите што гиобија на синоќешниот настап на „Евровизија 2019“ во Тел Авив.



Нивниот гест предизвика бурни реакции во салата, а снимката што ја видоа 200 милиони луѓе, колку што се проценува дека го следеле вчерашното финале, брзо беше прекината, но доволно долго да се види протестот.

Подоцна на Твитер тие поставија видео во кое се гледа како евровизиското обезбедување им ги одзема знамињата.

Организаторите на натпреварот за песна на Евровизија може да ја казнат исландската група порадуи чиност со кој отворено се нарушуваа забраната за промовирање на политички ставови на „Евросонг“.

Извршниот одбор на натпреварот дискутира  за „последиците од оваа акција“, се вели во соопштението, пренесува израелски „!Хаарец“..

Правилата на Евровизија налагаат дека  не се дозволени никакви пораки за „промовирање на која било организација, институција, политичка кауза или друга, компанија, бренд, производ или услуга“, и дека кршењето на правилото може да резултира со дисквалификација.

Претходно, про-палестински организации се обидоа да го хакираат преносот на Евровизија и се заканија на присутните дека „нерма да бидат безбедни“.

Во деновите пред почетокот на  евровизискиот натпревар палестинска група која се нарекува Исламски џихад, најави радикални мерки, а Израел и радикални групи од палестискиот Појас Газа, разменија ракетен оган..

https://youtu.be/CnrLFYmFDJ4