Обидот да се спречи денешниот најавен собир пред влада, на движењето #Бојкотирам успеа.



Сопственикот на камионот што требаше да однесе бина и неопходната опрема за озвучување беше казнет со казна од 4.000 евра, откако возилото во два наврати беше испратено на технички преглед.

Како што дознава Expres.mk сопственик на камионот е Љупчо Палевски.

Пред десетина дена народнит собир беше откажан откако владата ја поништи дозволата за протест уредно најавен и одобрен од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.