Кажете им на Заев, Шеќеринска и Димитров: Во Алфа ТВ не јадат живи луѓе (ВИДЕО)

Пет дена откако градоначалникот на Скопје Петре Шилегов беше гостин на Алфа ТВ кај новинарот Горан Момировски нема реакција од премиерот Заев, вицепремиерката Радмила Шеќеринска и министерот за надворешни работи Никола Димитров кои добија јавни покани да гостуваат во телевизијата.



Во интервјуто на Момироски со Шилегов во два наврати тројцата функционери на СДСМ добија покани за настап на Алфа со ветување дека ќе добијат коректно интервју и дека во Алфа ТВ не се “јадат живи луѓе”.

Ниту еден од поканетите досега не ја прифатиле поканата да бидат гости на Алфа и како и нивниот партиски другар Шилегов во коректно интервју да одговори на прашањата што ги има јавноста.

Ниту еден од тројцата највисоки државни функционери откако дојдоа на власт не дошле на интервју во единствената опозициски настроена телевизија.

Видеото на следниов ЛИНК

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=2530341967237213&id=1915590235379059