Скопскиот градоначалник, Петре Шилегов денеска во дневникот на Сител изјави дека Максим Димитриевски, градоначалникот на Куманово бил неспособен и со популизам се обидува да ја покрие неспособноста.
Повод за нападот врз Максим Димитриевски, е неговата изјава дека се противи на менувањето и отстранувањето на таблите кое се прави во духот на Договорот за добрососедство со Бугарија. Премиерот Зоран Заев неодамна во интервјуто за БГНЕС рече дека веќе се сменети повеќе од 20 табли во Македонија, на кои што пишувало „бугарски фашистички окупатор“.
Неодамна Димитриевски изјави дека во ЕУ треба да влеземе како Македонци и дека соседите треба да сфатат дека од Македонец не бидува ниту Србин, ниту Бугарин, а уште помалку Грк.






