Претседателот Хашим Тачи побара Уставниот суд на Косово да ја поништи владината одлука за забрана на движење на граѓаните заради ширење на коронавирусот.
Тој смета дека таквата одлука не е во надлежност на владата, туку на косовскиот претседател.
Тачи ќе ги достави до Уставниот суд и сите други решенија на владата на Албин Курти за кои тој тврди дека се спротивни на Уставот.




