Денеска е идентификувана и третата жртва од трагичната сообраќајна несреќа кај Лесковац – зтанува збор за 63-годишната В.К од Кавадарци.
Вчера беа идентификувани телата на 68-годишна жена од Кочани со иницијали К.К и 68-годишен маж од крушевското село Бучин со иницијали В.Ш.
Во несреќата се повредени 32 лица од кои 5 се здобиле со потешки повреди.
Возачот на автобусот бил приведен од полицијата.





