Јоргос Катругалос е нов шеф на грчката дипломатија, соопшти портпаролот на Владата во Атина и министер без ресор Димитрис Ѕанакопулос.
Катругалос досега беше алтернативен министер за надворешни работи, а по оставката на Никос Коѕијас, функцијата шеф на грчката дипломатија ја вршеше премиерот, Алексис Ципрас.
„По успешното завршување на процедурите за стапување во сила на Договорот од Преспа, премиерот, како што и самиот изјави, смета дека не е потребно да го задржи ресорот во Министерството за надворешни работи“, рече Ѕанакопулос.
Унапредувањето на Катругалос е дел од мини реконструкцијата на грчката влада, во која им 6 нови имиња, пренесува АНА-МПА.





